Автомобилските гиганти почнуваат со изградба на станици за полнење на електрични автомобили во Европа

BMW Group, Daimler AG, Ford Motor Company и Volkswagen Group со Porsche и Audi планираат заедничко градење на мрежа од брзи и моќни станици за полнење на најважните патни делници во Европа.BMW Group, Daimler AG, Ford Motor Company и Концернот Volkswagen со Audi и Porsche потпишаа Меморандум за воспоставување на мрежа од брзо-полнечкистаници за електрични автомобили во Европа.
Целта е брзо градење на импресивен број станици за полнење и на тој начин значително да ги зголемат можностите за долги патувања на електричните автомобили – важен чекор за олеснување на усвојувањето на повеќе електрични автомобили на масовниот пазар.
Планираната ултра брза мрежа за полнење е со капацитет до 350 kWh. Таа ќе биде значително побрза дури од најбрзиот систем за полнење кој се користи денес.
Стартот на изградбата е планиран за 2017 година, а во првата фаза се планирани околу 400 станици-полначи во Европа. До 2020 година клиентите ќе имаат пристап до илјадници моќни станици за полнење.
Станиците за полнење на автопатите и најпрометните патишта ќе бидат општо достапни и на тој начин електричното возење на долги растојанија ќе е можно за возачите на електрични автомобили, за кои тоа е предизвик денес.
Се очекува полнењето да се развие, па во иднина да функционира исто како удобното и конвенционалното полнење на гориво. Мрежата од станици за полнење ќе биде базирана на стандардната технологија на системот за комбинирано полнење (CCS) и ќе ги подигне постоечките технички стандарди за полнење со постојана и наизменична струја до следното ниво, па планираната инфраструктура ќе овозможува брзо полнење со еднонасочна струја со капацитет до 350 kW.
Целта е мрежата да служи на сите автомобили со CCS системот и да го олесни прифаќањето на електричните автомобили во Европа.BMW Group, Daimler AG, Ford Motor Company и Концернот Volkswagen со Audi и Porsche потпишаа Меморандум за воспоставување на мрежа од брзо-полнечкис

Пронајдете не на следниве мрежи: