Баерн Минхен во претпоследното коло во живо на Eurosport 2

Сезоната 2015/2016 на Бундеслигата го наближува крајот. Во германската лига преостануваат уште само две кола, а овој викенд сите натпревари се одигруваат на 7 мај во исто време. Eurosport  2 ќе ја пренесува средбата Инглоштад- Баерн Минхен, која може да го одреди новиот германски првак.Пред почетокот на колото, разликата меѓу првопласираниот Баерн Минхен и второпласираната Борусија Дортмунд е 5 бода. Победа во гости кај Инглоштад, математички на Баварците ќе им ја донесе титулата. Малку е веројатно дека Инглоштад ќе го спречи Баерн на патот кон титулата, ако се земе в предвид повредената гордост на Баерн Минхен од испаѓањето од полуфиналето во Лигата на шампионите.
Додека славењето во Минхен веќе се спрема, борбата за 4 место и испаѓањето од Бундеслигата ќе биде подеднакво интересно.
Во овој момент разликата меѓу 4 и 7 место е само 3 бода. Борусија Махенгладбах (49 бода), Херта Берлин (49 бода), Шалке 04 (48 бода) и Маинц (46 бода) ќе се бори до крај за позиција на табелата која ќе им осигура место во Лигата на шампионите.
Борбата во долниот дел на табелата е исто така тензичен со само два преостанати натпревари за секоја екипа. Хановер 96 следната сезона со сигурност ќе игра во втората германска лига. Натпреварот против екипа која нема за што да игра може да ја олесни ситуацијата на Хофенхајм.
Во меѓувреме, 8 екипи се борат против директно испаѓање или доигрување: Волфсбург (39), Хамбургер СВ (38), Аугсбург (37), Хофенхајм (37), Дармштад (35), Вердер Бремен (34), Еинтрахт Франкфурт (33) и Штудгард (33). Ова ќе бидат некои од најтензичните натпревари во борбата за опстанок во последните неколку години на Бундеслигата.
Натпреварот Инглоштад- Баерн Минхен ќе се пренесува во живо на Eurosport 2 веднаш по прегледот на Бундеслигата кој започнува во 15:30 во сабота, 7 мај.Пред почетокот на колото, разликата меѓу првопласираниот Баерн Минхен и второпласираната Борусија Дортмунд е 5 бода. Победа во гости кај

Пронајдете не на следниве мрежи: