Балотели вреди 30 милиони

Шампионот на Англија ја одреди цената за својот фудбалер, Марио Балотели, цената е идентична која ја издвои за да го доведе во сопствените редови.
Само неколку денови откако претседателот на Милан, Силвио Берлускони, фудбалерот на Сити го нарече „скапано јаболко“, Марио Балотели и понатаму се поврзува со екипата на Милан.
Имено, Манчестер Сити е спремен да се откаже од услугите на својот фудбалер кого го доведе во 2010 година од Интер, и тоа за сума која исто тогаш ја издвои, 30 милиони евра.
Иако Марио Балотели во договорот со Сити има клаузула која вели дека Интер има право да пречи во текот на трансферот во случај да Сити се одлучи за продажба на напаѓачот, италијанските медиуми пренесуваат дека Интер нема да искористи таква прилика.
Во трката за Балотели единствено останува Милан, додека пак Галијани, за разлика од Берлускони, има високо мислење околу Марио Балотели.
Да Милан со трансферот на 22-годишниот Балотели не би добил „скапано јаболко“, туку „вишна“ објасни и Мино Рајола, агент на италијанскиот фудбалер.
„Балотели не е „скапано јаболко“, тој е вишна! Мислам дека претседателот на Милан погреши во својата проценка. Сметам дека можноста да Балотели се пресели во Италија во овој момент е 0.0001 посто“ изјави Рајола.
Инаку во комбинација за доведување на Балотели во своите редови се споменува и екипата на Наполи.Шампионот на Англија ја одреди цената за својот фудбалер, Марио Балотели, цената е идентична која ја издвои за да го доведе во сопствените редови.

Пронајдете не на следниве мрежи: