Бане ГИ ЗАПАЛИ социјалните мрежи со имитацијата на Дино Мерлин во ТЛЗП!

Бане Мојичевиќ целосно ги остави без текст членовите на жирито и публиката во студиото на шоуто „Твоето лице звучи познато“, а актерката Даница Максимовиќ дури станала да му се поклони.Бане доби задача да го имитира Дино Мерлин. Специфичен по своето пеење и настап, се чинеше дека Бане доби навистина тешка задача. Но, тој владееше на сцената. Со маската која неверојатно потсетуваше на Мерлин, со доброто изведување на секој негов потег и со одличната гласовна имитација, Бане покажа дека е талентиран и дека секој задача за него е предизвик кој успешно го совладува.
Жирито беше воодушевено од Бане. „Ти навистина не си нормален, го имитираше фантастично. Неверојатно, феноменална имитација. Секое движење, секој глас, секој шум, сѐ си беше на свое место. Немам зборови…“
Тогаш, Бане се надоврза на коментарот на Ѓуро и откри една тајна: „Пред малку во шминкерницата дојде Ѓуро и ми рече да ја залепам долната усна за забите и да не ја помрднувам, тоа е тоа. Затоа е заслужен за мојот настап вечерва.“

Даница исто така била восхитена. „Јас сакам да му се поклонам на овој млад господин. Беше навистина возбудливо и среќна сум што сум дел од оваа приказна“, рекла Даница. И Иван на самиот крај потврди дека Бане е одличен имитатор зашто покажа многу повеќе во оваа шоу програма и додаде дека му било фасцинантно што гласот го прилагодил на начинот на пеење на Дино Мерлин. И Марија имаше само пофални зборови за него.
Социјалните мрежи навистина беа место за фалење за изведбата на Бане. Музичари, новинари, актери – сите го пофалиле Бане.
Бане доби задача да го имитира Дино Мерлин. Специфичен по своето пеење и настап, се чинеше дека Бане доби навистина тешка задача. Но, тој владееше

Пронајдете не на следниве мрежи: