Барса се ослободува од Санчез

Чилеанскиот интернационалец не беше ниту на клупата на Барса во вчерашниот натпревар против Реал Мадрид, ова може да биде порака дека за него нема место во тимот, неговите пријатели од репрезентацијата го убедуваат да им се придружи во Јувентус.
Роура или Виланова, сеедно, и двајцата немаат воопшто доверба во Санчез, и самиот чилеанец е незадоволен од своето место во тимот на Барселона. Предност добива Педро, додека пак во времето на Гвардиола ситуацијата беше мошне различна.
Прашање е само колку би барала Барселона за неговиот трансфер, Санчез во Барселона дојде за сума од 37 милиони евра, тоа сега не би можел никој да си го дозволи.
Јувентус е сериозно заинтересиран за ангажман на фудбалерот на Барселона, но се подготвени да одвојат околу 25 милиони евра за овој играч.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Чилеанскиот интернационалец не беше ниту на клупата на Барса во вчерашниот натпревар против Реал Мадрид, ова може да б

Пронајдете не на следниве мрежи: