Барселона го засилува нападот со босанецот Един Џеко

Шпанските медиуми пренесуваат дека Един Џеко е блиску до трансфер во екипата на Барселона.
Босанецот би можел да им се придружи на Лионел Меси и Нејмар во нападот на Барселона, а токму играч од типот на Џеко би било одлично засилување за позицијата класичен напаѓач.
„Спорт“ пренесува дека Манчестер Сити е заинтересиран да во своите редови се засили со Алваро Негредо од Севиља и Стеван Јоветиќ од Фиорентина. Во тој случај Џеко би можел да се пресели во Барселона, поради финансискиот кодекс кој што мора да се почитува доколку бидат доведени претходните наведени фудбалери.
Според англиските медиуми, Џеко е огромна желба и на Атлетико Мадрид, меѓутоа Виља веќе потпиша за овој тим, па се чини дека Атлетико ги реши дилемите околу таа позиција, па така Барселона е можеби одличната шанса за Един Џеко.
Барса би можела да издвои 15 милиони евра за ангажман на Един Џеко.Шпанските медиуми пренесуваат дека Един Џеко е блиску до трансфер во екипата на Барселона.

Пронајдете не на следниве мрежи: