Барселона гостува кај Гранада, Реал го чека Рајо

Од петок до недела ќе се играат натпреварите од 24.коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија. Колото ќе биде отворено со натпреварот помеѓу  Севиља и Депортиво Ла Коруња.Севиља е апсолутен фаворит против последнопласираниот тим во шампионатот, Депортиво има четири порази во серија, а во досегашниот дел од сезоната има забележано само три победи. Традицијата е исто така на страната на Севиља, екипата од Андалузија има 18 победи во 36-те меѓусебни одиграни натпревари.Лидерот Барселона, во ова коло ќе гостува кај Гранада, екипа која има две победи.В.Д. тренерот на Барселона, Роура, веројатно ќе одмора некои од стандарните играчи, бидејќи Каталонците следната недела ќе гостуваат во Милано, во рамките на Лигата на шампиони. Лионел Маси на овој натпревар ќе се обиде да го подобри својот рекорд и да биде стрелец и на 14-от последовен натпревар.Гранада е екипата која пред две недели забележа победа над Реал Мадрид.„Кралскиот клуб“, по тешкиот натпревар со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони, го очекува уште еден сериозен тест против градскиот ривал Рајо Ваљекано, екипа која се наоѓа на шестото место на табелата и која во минатото коло го порази Атлетико.Сабота, 16.февруари:Хетафе-СелтаМалага-Атлетик БилбаоГранада-БарселонаОсасуна-Сарагоса
Недела, 17.февруари:Реал Сосиедад-ЛевантеВаленсија-МајоркаВаљадолид-Атлетико МадридЕспањол-БетисРеал Мадрид-Рајо Ваљекано.
МакфаксОд петок до недела ќе се играат натпреварите од 24.коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија. Колото ќе биде отво

Пронајдете не на следниве мрежи: