Баскерфест-2014

Вчера вечер /06.06.2014 година, петок/, на платото пред споменикот на Методија Андонов Ченто, со настапот на групата Алдруби (Танцот на балоните) од Нови Сад (Р. Србија), стартуваше десетдневниот Фестивал на уличен театар, под отворено небо, „Баскерфест 2014“.Град Скопје, по девети пат е покровител на Манифестацијата „Баскерфест“, а Фестивалот за отворен официјално го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
– Развојот на современиот туризам не може да се замисли без присуството на поливалентните вредности на културата, бидејќи туризмот е синтеза на културата, манифестирана преку сите свои облици и културни вредности. Град Скопје стремејќи се визуелно да ја дефинира културната мисија за оплеменување на срцето на Скопје веќе неколку години наназад организира настани и манифестации преобразувајќи ги соновите во јаве. Манифестацијата Баскерфест 2014, или-Караванот на среќата- оваа година ќе го разнесе својот среќен прав, традиционално, по девети пат во Скопје. Артистите-баскери, во престојните десетина дена, со своите возбудливи акробатски, пиротехнички, жонглерски, музички и театарски изведби, широко ги отвoраат гостољубивите порти на Скопје за домашната и меѓународната публика.
Верувам дека во овие десеттина дена заеднички ќе уживаме во спектакуларните изведби на уличните атристи, претварјќи го нашиот главен град во театар на отворено и со зголемен адреналин ќе го почувствуваме шармот на Скопје, истакна градоначалникот Трајановски.
Инаку, Алруби е асоцијација на уметници и настани за промоција на културата и перформансите, нов циркус и идеја да се создаде и започне нов уметнички проект преку соработка на разни институции. Повеќе од 10 години, уметничкиот тим на Алруби, се занимава со концептот на градење, промоција, заштита и создавање на културни трендови, улични перформанси и уметности. Главното седиште на организацијата е во Нови Сад (Србија), но нивните настапи се одвиваат низ целата наша сина планета. Неофицијално нивната група се состои од над 50 различни уметници од Србија и странство, покривајќи широк спектар различни уметнички форми.
Деветтото издание на уличниот театар, под отворено небо, „Баскерфест 2014“ ќе се одржи низ цела Македонија, односно во 21 општина низ целата држава. Прв град кој беше домаќин на Баскер караванот кој има над 150 улични артисти, музичари и театри, беше Гевгелија. Скопје ќе биде домаќин на Баскерфест 2014, и тоа од 06 до 15 јуни, а покрај плоштадот „Македонија“ на кој ќе има три бини (стејџа), од кои на две ќе настапуваат уличните артисти, а едната ќе биде музичка, „World Music“ стејџ. Преостанатата програма ќе се одвива на уште две дополнителни локации – „Пивница Стар град“ (Стара скопска чаршија) и „Градска плажа парк“ (на кејот позади Градскиот парк). Целата турнеја ќе трае до 30. јуни, кога во Охрид, Дојран и Битола и официјално ќе заврши Караванот на среќата под отворено небо.
Покрај овие градови, Македонците ќе уживаат во уличните претстави и во Велес (6-7 јуни), Свети Николе (7 јуни), Облешево/ Чешиново (10 јуни), Кавадарци (13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино (18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп (20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово (21 јуни), Крушево (22 јуни), Дојран (27-30 јуни), Ресен (28 јуни), Охрид (28-29 јуни), Делчево (29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30 јуни).
Баскерфест е интернационален, мултикултурен, уличен фестивал во кој ќе учествуваат и ќе не забавуваат над 150 артисти, музичари и театри од целиот свет, од далечната Јапонија преку Нигерија, па се до Канада. Баскерфест 2014, на 15 јуни, во Скопје, ќе заврши со настапите на МЈ Resurrection, Sardinia Klan и US Break Dancers.
Град Скопје за одржување на фестивалот и годинава од Буџетот издвои околу 900.000 денари.Град Скопје, по девети пат е покровител на Манифестацијата „Баскерфест“, а Фестивалот за отворен официјално го прогласи градоначал

Пронајдете не на следниве мрежи: