Бејли и УСАИД на суд поради финансирањето и политичките активности на Сорос во Македонија

„Џудишал воч“ објави дека поднеле тужба според Актот за слобода на информации против Стејт департментот и американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) заради податоци и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Македонската организација, дел од фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, примила речиси 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во окружниот суд на САД во округот Колумбија.Како што информираат од „Џудишал воч“ тужбата ја поднеле откако и американскиот Стејт департмент и УСАИД не им одговориле на нивното барање од 16 февруари во кое барале:
– Сите податоци кои се однесуваат на сите грантови, договори или исплати на средства од страна на Стејт департментот на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или на подружници на Фондацијата. Ова барање ги вклучува сите поврзани барања докуманти за финансирање, овластувања на исплата, или слични записи, како и сите поврзани документи и податоци со евиденција на комуникација помеѓу службеници, вработени, или претставници на Стејт департментот и на службеници, вработени или претставници на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).
– Сите документи и податоци за комуникација помеѓу службеници, вработени или претставници на Стејт департментот и службеници или претставници на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање ја вклучува и евиденцијата на комуникацијата испратена од или по наредба на американски амбасадор во Македонија Џес Л. Бејли.
Сите анализи или слични записи за политичките активности на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.
Сите пораки пренесени преку SMART системот на Стејт департментот испратени од сите вработени во Владата на САД или вршители на работа под надлежност на шефот на мисијата на американската амбасада во Скопје кои се однесуваат на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.
На веб-страницата на УСАИД стои дека во периодот од февруари 2012 до крајот на август 2016, оваа организација префрлила речиси 5 милиони долари на сметката на соросовата Фондација Отворено општество- Македонија, во партнерство со четири локални невладини организации. Веб-страницата на УСАИД нуди директен линк до фондацијата на Сорос (www.soros.org.mk,) и вели дека во проектот биле обучени стотици млади Македонци за тема како што се правото на слобода на здружување, , младински политики, граѓански иницијативи, аргументација и користење на медиумите.
Во февруари, „Џудишал воч“ објави:
Американската влада крајно нетранспарентно потрошила милиони долари на даночните обврзници на САД со цел да ја дестабилизира демократски избраната, централно-десничарската влада во Македонија, и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос. Според доказите што ги поседува „Џудишал воч“, Амбасадорот на САД, Џес Бејли соработувал со Фондацијата Отворено општество и префрлил големи суми државни пари на сметката на фондацијата за остварување на целта, што претставува мешање на амбасадорот во внатрешни политички прашања и кршење на Виенската конвенција.
Еве како функционира тајната операција, според извори во Република Македонија и во САД кои обезбедиле документи за „Џудишал воч“ како дел од тековната истрага. Фондацијата Отворено општество има воспоставено и финансирано десетици левичарски, невладини организации во Македонија со цел да ја урне конзервативната влада. Еден македонски владин претставник интервјуиран од страна на „Џудишал воч“ во Вашингтон неодамна ги нарече „пешадијата на Сорос“.
Пешадијата на Сорос ја сочинуваат младински организации и влијателни медиуми кои организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите на државата и владините политики. Една од овие организации ја преведе на македонски јазик и ја дистрибуира книгата „Правила за радикали“ на Сол Алински, која служи како тактички учебник за субверзивни дејности и радикални улични протести. Благодарение на амбасадорот на Обама, кој се уште не е разрешен од страна на претседателот Трамп, американските пари продолжиле да течат кон овие групи, за нивни активности и регрутирање, потврдуваат извори во Македонија и во САД.
Според InsidePhilanthropy.com, Фондацијата Отворено општество на Сорос можеби е и најголемата филантропска организација што некогаш била создадена, со филијали во 37 земји. Додека Фондацијата Гејтс троши повеќе пари, Фондацијата Отворено општество има поголеми димензии во светот благодарение на многу од нејзините локални канцеларии, вклучувајќи ги и тие низ Африка. Буџетот на Фондацијата Отворено општество ќе биде околу 930 милиони долари…
Активностите на амбасадорот Бејли и финансирањето на Фондацијата Отворено општество од страна на УСАИД неодамна се најдоа и под конгресна истрага. На 17 јануари, 2017 година, републиканскиот сенатор Мајк Ли испрати писмо до Бејли барајќи од него да ја објасни врската на Стејт департментот со Фондацијата Отворено општество. На 24 февруари 2017 година, републиканските конгресмени Крис Смит и Луи Гомерт и други побараа одамериканската Канцеларија за одговорност на Владата да се спроведе истрага и ревизија на активностите на Стејт департментот и на УСАИД и можно мешање во внатрешните политички работи во Македонија и кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.
– Изгледа дека администрацијата на Обама ги користела парите на даночните обврзници, во обид да го финансира работењето на Сорос. Стејт департментот и УСАИД под администрацијата на Трамп треба се организираат и да ги откријат деталите на врската меѓу Обама и Сорос, изјави претседателот на „Џудишал воч“ Том Фитон.Како што информираат од „Џудишал воч“ тужбата ја поднеле откако и американскиот Стејт департмент и УСАИД не им одговориле на нивното ба

Пронајдете не на следниве мрежи: