Бекам: Денот беше совршен, пречекот неверојатен…

Париз Сент Жермен во најголемото дерби во францускиот шампионат за изминатиов викенд го совлада Олимпик Марсеј со резултат 2-0 на домашен терен, официјално деби за тимот од Париз имаше Дејвид Бекам.
Англискиот интернационалец по натпреварот беше видно среќен.
Со головите на Лукас Моура и Златан Ибрахимовиќ ПСЖ во неделата навечер го совлада Марсеј на „Паркот на Принцевите“.
За дербито да биде уште позабележително во светската фудбалска јавност, свое официјално деби за ПСЖ имаше и Дејвид Бекам.
„Премногу сум среќен, повеќе поради победата, мораме да играме подобро, но важна е победата, денот беше совршен, не само поради тоа што 400-ти играч во историјата на клубот туку и поради тоа што сум дел од оваа екипа“ изјави Бекам по натпреварот.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Париз Сент Жермен во најголемото дерби во францускиот шампионат за изминатиов викенд го совлада Олимпик Марсеј со резу

Пронајдете не на следниве мрежи: