Бекер: Ѓоковиќ не е мој пријател!

Поранешниот германски тенисер и тренер на српскиот ас истакнал дека тие двајца меѓусебно се почитуваат.Иако пред неколку дена бил на свадбата на првиот рекет на Србија, легендарниот германец Борис Бекер и понатаму не смета дека тој и Ѓоковиќ се пријатели.
Како што вели самиот Бекер, далеку од тоа дека не се сакаат, тие меѓусебно се почитуваат и ќе соработуваат се додека им е забавно.
„Новак и јас имаме посебно почитување еден кон друг. Но, дали сме пријатели? Не би одел со него на Ибица поради ергенската забава. Едноставно да ги поставиме така работите“, рекол Бекер и продолжил:
„Додека ни биде забавно , ќе соработуваме. Се додека мисли дека можам да допринесам во неговата игра и да донесам нешто што до тогаш никој не го видел, ќе соработуваме.“
Да потсетиме нивната соработка не започна тријумфално бидејќи уследи кикс на Аустралијан Опен, а рвиот самостоен трофеј следеше на Вимболдон.
„Кога Ѓоковиќ тримфираше на Вимболдон, се постсетив какво е чувството да се освои грен слем. Долго не сум доживеал такви емоции и тоа е сила која ја покренува нашата соработка“, беше јасен германецот.

 
 
 Иако пред неколку дена бил на свадбата на првиот рекет на Србија, легендарниот германец Борис Бекер и понатаму не смета дека тој и Ѓоковиќ се прија

Пронајдете не на следниве мрежи: