Белата куќа го обвини Путин за соборувањето на малезискиот авион

Владимир Путин и Русија „сносат вина“ за уривањето на малезискиот авион во источна Украина во четвртокот, соопшти синоќа Белата куќа, најавувајќи дека САД заедно со ЕУ и членките на Г-7 работат на воведување дополнителни санкции кон Москва.- Она што го знаеме е дека авионот на „Малезија Ерлајнс“ бил соборен со ракета истрелана од земја. Таа е лансирана од реон кој е под контрола на сепаратиситите и во кој Украинците во тоа време не користеле противвоздушни оружја. Врз основа на тоа заклучивме дека Владинмир Путин и Русите сносат вина за оваа трагедија, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
Белата куќа информира и дека американскиот потпретседател Џо Бајден разговарал со украинскиот претседател Петро Порошенко за истрагата за авионската несреќа и за политичките случувања во Украина, при што добил уверувања дека и покрај распадот на владината коалиција, Владата во Киев ќе продолжи да ги спроведува важните економски реформи.
Порошенко при тоа ја обвинил Русија дека „продолжува да им доставува тешко оружје и опрема на сепаратиститте“, нагласувајќи и дека украинските сили „се почесто се цел на директна стрелба на руската страна на границата“.- Она што го знаеме е дека авионот на „Малезија Ерлајнс“ бил соборен со ракета истрелана од земја. Таа е лансирана од реон кој е п

Пронајдете не на следниве мрежи: