Ова дејство е спротивно на правилата на Европската унија за радио-дифузија, па затоа е возможна дискфалификација на Белорусија од Евровизија.До главниот и извршен директор на Евровизија, Јон Ола Санд, пристигнале дојави дека Белоруската телевизија одговорна за пренесување на настанот го цензурирала настапот на австриската претставничка, трансвеститот Кончита Вурст, и дека за време на гласањето го замаглиле нејзиниот број.
Од Белорусија, како и од многу други земји, уште од пред два месеци беше најавена цензура на настапот на Австрија, но ниту една земја официјално не потврди такво нешто. Таквото дејство е против евровизиските правила, па за земјата која ќе ги прекрши, следува дисквалификација и забрана за учество на Евровизија во период од три години.
Сепак, Jон Ола Санд излезе со официјално соопштение дека Белорусија не пристапила кон цензурата и белоруската јавност можела без проблеми да го проследи настапот на Кончита Вурст. И Белорусија и Австрија се пласираа во големото финале во Сабота, па опасноста од цензура се уште е присутна.До главниот и извршен директор на Евровизија, Јон Ола Санд, пристигнале дојави дека Белоруската телевизија одговорна за пренесување на настанот го



