Берат Бајрам: Деновиве сме сведоци на остварување на самоубиствено сценарио за нашата татковина Република Македонија

Драги сограѓани, деновиве сме сведоци на остварување на самоубиствено сценарио за нашата татковина Република Македонија. Оваа држава Република Македонија е држава на сите граѓани. И ние Ромите сме дел од оваа држава и ја сакаме подеднакво како и сите други граѓани, објавено е на Фејсбук профилот на Партијата за интеграција на Ромите (ПИР).-Република Македонија изминатите години на Ромите им има пружено многу. Денеска на многу важни позиции на нашата држава се поставени и одлучуваат во која насока се движи државата. Така ќе биде и сега. Затоа, ние Ромите ќе застанеме против ова сценарио на двојазичност, кантонизација и најлошото, редефинирање на оваа наша татковина. Ние си ја сакаме нашата химна, нашето знаме, и нашата држава. Нема да дозволиме да се уништи сето ова за сметка на личен интересе, на луѓето како Зоран Заев болни по власт. Со овие постапки само уште повеќе ќе се угнетат помалите етнички заедници за сметка на една. Ние ги почитуваме и сакаме сите граѓани од сите етнички заедници, но ние пред се живееме во Република Македонија и сме македонци. Затоа, ги повикувам сите Роми во нашата држава да се обединат и да застанат против самоубиственото сценарио за оваа наша држава, напиша д-р Берат Бајрам од ПИР.
-Република Македонија изминатите години на Ромите им има пружено многу. Денеска на многу важни позиции на нашата држава се поставени и одлучуваат в

Пронајдете не на следниве мрежи: