Познатата пејачка и секс-симбол во 80-тите Марина Перазиќ, денеска е во тешка финасиска ситуација, а спасот одлучила да го бара во реалните шоуа.-Навистина тешко живеам во последно време. Немам своја куќа и на моите ќерки им изнајмив стан. Сакам да работам. но немам што. Сакам да направам неколку проекти и да завршам некои песни, но немам од што, рекла пејачката низ солзи за српски Блиц .
Таа додава дека во реалните шоуа го бара спасот за егзистенција.
– Влегувам во шоуто за да заработам пари и да ја обезбедам иднината на моите деца. Денеска сѐ се сведе на егзистенција и преживување, а јас цело време мислам како да преживеам, открива пејачката.
Во продолжение да се потсетиме на нејзините песни.


