Бесната Дуња Поповиќ откри што е ИСЕЧЕНО од емисијата на „Ѕвездите на Гранд“ која ја напушти!

Дуња Поповиќ го напушти натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ поради негативни коментари за нејзиниот настап.Во отворено писмо на нејзината Фејсбук страница, таа тврди дека во саботната емисија наводно беше исечен „голем дел пцости и омаловажувања во траење од минимум 15 минути“.
Ви пренесуваме што напиша Дуња Поповиќ:
„Драга публико, прво сакам да им се обратам на оние кои во саботата поверуваа во она што им е сервирано во емисијата Ѕвездите на Гранд. Со самото тоа може да заклучиме и колкав е вашиот IQ и нема потреба понатаму да го читате овој пост и да го губите своето драгоцено време, бидејќи остатокот ќе биде наменет на овој друг дел од популацијата кој (за жал) е во помал број, но се` уште ги има (фала му на Бога).
Пааа, драга публико, она што го гледавте синоќа во емисијата се вика класичен пример на ИЗМАМА и МАНИПУЛАЦИЈА на широките народни маси. Значи, на снимката што ја гледавте недостасуваат ГОЛЕМ дел пцости и омаловажувања во траење од минимум 15 минути кои им претходеа на овие пуштените (а тоа е само капка што ја прелеа чашата).

По сето тоа ја напуштив сцената, а не по еден коментар. Секако, како што очекувавме, се` е исечено, но на снимката јасно може да се забележи дека недостасуваат делови. Дали навистина мислите дека би се свртела и заминала по онаков коментар кој ви е сервиран и во кој поголем дел од вас (за жал) поверуваа дека толку лесно можам да го отфрлам сето она што го вложив во тек на втората сезона од ова натпреварување… размислете малку. Сметам дека би било чесно кон публиката да се прикаже се`, но со оглед дека не помина 12, не можеа да го прикажат поради содржината и народот ќе се згрозеше како во едно еминентно натпреварување на национална фреквенција се навредуваат кандидати, пааа, што би се рекло – за сите пари! Да се разбереме – овде не станува збор за тоа дали некој знае да пее и дали е роден за тоа или не – се работи за достоинство!
Што се однесува на мојот настап, малку е да се рече дека сум ПРЕЗАДОВОЛНА од пеењето и настапот и стајлингот, навистина можам да речам дека се слуша напредокот во пеењето (тоа не е само напредок, туку постепено отсуство на трема). Можам да речам дека ова беше мојот најдобар настап досега!
Кон ова натпреварување пристапив професионално во текот на секој настап, подготовките траеја со месеци, се водеше сметка за секој детаљ, а и за пеењето во иста мера. Но, тремата секој пат го правеше своето. Овој пат во голема мера се ослободив од тремата. Како и досега, стајлингот е моја идеја, немам креатори, немам спонзори и презадоволна сум како испаднаа работите.
Со ова ги искажав своите ставови кон цела оваа фарса, така што ако ПОВТОРНО налетате на некој текст во весниците, знајте дека ова е единственото место на кое ќе можете да ја најдете мојата изјава. Ќе ве замолам повеќе да не ми праќате пораки со прашања, бидејќи навистина не можам да одговарам, а во овој пост се` е искажано и се надевам дека ќе ја задоволам вашата љубопитност.
На самиот крај сакам да им се заблагодарам на сите оние што ми пружаат поддршка и на оние коишто ме поддржуваа во тек на двете сезони, моите пријатели, а најмногу на семејството без кое јас не би била јас!“Во отворено писмо на нејзината Фејсбук страница, таа тврди дека во саботната емисија наводно беше исечен „голем дел пцости и омаловажувања во

Пронајдете не на следниве мрежи: