Бесплатен академски настан во организација на студентскиот парламент на ФИНКИ

Дали сметате дека сте креативни? Доколку климате со главата на ова прашање тогаш можеби е време ова и да го докажете. Креативноста во 21-виот век се изразува најдобро преку графичкиот дизајн.За таа цел СПФИНКИ реши да организира еден бесплатен академски настан, прв од ваков вид, предводник на тоа што има потенцијал да стане една успешна традиција. За да ви се овозможи да се изразите на ова поле, од 25-ти до 30-ти ноември ќе се организира серија на предавања, вежби и дружења во просториите Seavus Education and Development Center.
Веруваме дека предавачите од Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство, претставници на реномирани компании, како и гостинот предавач од Србија, Дејан Ранчиќ, ќе одговорат на сите ваши прашања и ќе ги разрешат вашите дилеми поврзани со графичкиот дизајн.
Вашиот натпреварувачки дух ќе биде тестиран за време на работилниците, но не се плашете, можете само да научите, да се забавувате, а и да освоите некоја награда.
Настанот е отворен за сите студенти на УКИМ, но не заборавајте дека треба да се пријавите најдоцна до 20.11.2013 – 23:59h на образецот што ќе ви биде достапен на https://sp.finki.ukim.mk/digit/apliciraj.html.
Официјална страна: https://sp.finki.ukim.mk/digit/
Фејсбук евент: https://www.facebook.com/events/1428606100701402/
Пријавете се!За таа цел СПФИНКИ реши да организира еден бесплатен академски настан, прв од ваков вид, предводник на тоа што има пот

Пронајдете не на следниве мрежи: