Бесплатна едукативна работилница за бременост:„Најзначајните информации за бременоста и породувањето“

Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка од Скопје има чест да Ве покани на Бесплатна едукативна работилница за бременост со наслов „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“. Досега работилниците ги посетија над 1000 бремени жени и нивни партнери. Бидете и Вие, заедно со Вашиот партнер, дел од овој значаен проект, дознајте многу значајни информации за бременоста, за породувањето, за Вас и за Вашето бебе.Работилницата е наменета за бремените жени и нивните партнери од Скопје и околината и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање на семејство. Бремените жени и партнерите треба да се запознаат со сите аспекти на бременоста и породувањето (медицински, психо-физички, емоционални) и како да се заштитат себе си и своето бебе. Младите луѓе, пак треба да ги знаат основните информации за бременоста, со цел да имаат посакувана и планирана бременост кога за тоа ќе бидат подготвени.
Работилницата ќе се одржи во центарот на Скопје, во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, во Четврток, 04.09.2014 год. со почеток од 18 часот.
Работилницата е бесплатна, а сите заинтересирани треба само да се пријават со испраќање на Име и Презиме на [email protected] или на телефонскиот број 078/377 – 791.
Слободно може да го донесете Вашиот партнер или пријателка.Работилницата е наменета за бремените жени и нивните партнери од Скопје и околината и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање на семејс

Пронајдете не на следниве мрежи: