Бесплатни тренинзи за сите девојки и жени во Скопје: Со вежбање до подобро здравје, поведар дух и подобар изглед

Секојдневието и неверојатно брзиот начин на живот го тераат модерниот човек да го занемари вежбањето, одржувањето на кондицијата и своето здравје. Поради тоа се почесто луѓето користат фитнес апликации на своите паметни телефони со кои се трудат да останат во форма.Сепак, најпопуларна апликација за вежбање во светот е NTC (Nike Training Club), која всушност е апликација која ja поврзува заедница на атлети како никогаш досега. Таа е наменета за сите модерни жени, а во себе ги содржи сите тајни за водење на здрав живот. Фокусирајќи се на различни фитнес вежби, оваа апликација овозможува размрдување на целото тело и „притискање“ до границите на издржливоста.
Со цел апликацијата NTC да биде поблиску до вас, во фитнес центар Synergy Fitness & Spa се отвора ретка можност за бесплатни Nike тренинзи во термините: секој вторник и четврток од 20:00 часот.
Целта на оваа соработка која започнува од денеска, вторник 1-ви март е промоцијата на апликацијата Nike+ Training Club која е наменета за сите претставнички на понежниот пол, и охрабрување со вежбање и рекреација да дојдат до подобро здравје, поведар дух и поубав изглед.
Сите девојки и жени се поканети секој вторник и четврток во Synergy да дојдат и да уживаaт за време на бесплатните тренинзи.Сепак, најпопуларна апликација за вежбање во светот е NTC (Nike Training Club), која всушност е апликација која ja поврзува заедница на атлети како

Пронајдете не на следниве мрежи: