Бев гладен, немав пари ниту за лажици

Еден најполарните актери во Србија, Андрија Милошевиќ, секогаш можете да го видите со насмевка на лицето, но позади неа тој крие мрачно минато.Андрија за еден српски магазин раскажал колку му бил тежок животот кога од родното место се упатил кон Никшиќ, а потоа на студии по глума во Цетиње, каде што во студентскиот дом, како што и самиот рекол, во „најсмрдливата соба“ од целиот дом ги поминал најубавите денови од младоста, а потоа се упатил за Белград.
 Еден од најтешките моменти беше дијализата на мајка ми и после трансплантацијата на бубрег, а и смртта на татко ми беше многу тежок период за мене, – вели познатиот актер.
– Тоа беше друго време, 90.тите немав некоја алтернатива, тогаш мораше да одиш само напред. Тоа е добар начин, бидејќи преку врски или било кој не сум направил ништо во животот, дури ниту своето име – рекол Андрија.
– Не ми било срам ниту весници да продавам. Знаев дека тие пари кои сум ги заработил се почесни отколку да ги стекнам на друг начин. Се трудам да им помогнам на младите актери. Ја немам таа суета, ги сакам младите и талентирани луѓе. Лично сум го доживеал тоа од некои драги луѓе во мојот живот кои исто така ми помогнаа, Милан Караџиќ, Јагош Марковиќ, Боро Стјепановиќ, Светозар Цветковиќ, кога ме повика да дојдам во Ателје. Тогаш бев опсипан од среќа кога ме повикам да работам на претставата – додава тој.
Кога го повикал Цветковиќ, театарот му изнајмил стан за да може нормално да живее во Белград.
– Драги луѓе ми изнајмија стан во Белград и ми купија садови, лажици, сето она што е потребно, бидејќи јас тоа неможев да си го дозволам. Бескрајно им сум благодарен и ден денес. Бев навистина гладен и тоа многу ми помогна во животот. Благодарение на тие ситуации денес многу подобро знам да ги ценам некои работи. Храната го забавува мозокот.
 Андрија за еден српски магазин раскажал колку му бил тежок животот кога од родното место се упатил кон Никшиќ, а потоа на студии по глума во

Пронајдете не на следниве мрежи: