Без дијалогот во собранието, Македонија ја губи препораката за преговори

Суштината на соопштението на кабинетот на Филе по божиќната средба во седиштето на Унијата е јасна и едноставна. Суштината на соопштението на кабинетот на Филе по божиќната средба во седиштето на Унијата е јасна и едноставна. Ако запре спроведувањето на мартовскиот договор и дијалогот во собранието што со помош на Филе и Ховит и и целата  Европската унија беше постигнат по тешки и мачни преговори Македонија не треба да се надева на позитивен извештај во ноември, ниту на седма препорака почеток на преговори. Соодветно на тоа, 13 години по потпишувањето на Договорото за стабилизација и асоцијација и шест години по добивање на првата препорака за почеток на преговори, во декември, Македонија барем на хартија формално ќе спадне на ниво на Албанија во односите со ЕУ.
Членовите на опозицијата кои што деновиве повторно најавуваат дека на Македонија наскоро пак ќе и се случува „улица“ поради недостаток на разум кај власта мора да размислат добро пред да ги спроведат најавите. Опозицијата има легитимно право да се бори за правда за својот истакнат член Шиповиќ, дури во обидот тој да се извади од затвор може да блокира улици, да врши притисок на судството, да протестира пред затворот до Шутка. Не смее да прави само една работа , по ниедна цена не смее да го блокира процесот што започна во моментот кога беше постигнат договорот во март минатата година со кој партиите се согласија наместо на улица, политичката битка да се води во собранието. Заклучоците кои што двете најголеми и најзакрвени партии ги усвоија во комисијата за 24 декември без разлика како тие подоцна беа оценувани или делегитимирани мораат да бидат спроведени.
И ВМРО ДПМНЕ истите пред јавноста ги спореди со тоалетна хартија, но тие во реалноста се единствени валидни и од нив никој досега формално не се откажал. Како што на владеачката партија ќе и биде тешко да објасни зошто не би ги почитувала, така и на опозицијата ќе и биде извонредно мачно да објасни дека поради една личност за која сеуште нема судска пресуда, тие го блокираат политичкиот дијалог кој  треба да се води во политички наместо во судски инстанци, а притоа договорт за него е постигнат со посредство на европски емисари.
Освен ако целта на опозицијата е користејќи го случајот Шиповиќ да предизвика нова криза која ќе биде злоупотребена од Грција по што Македонија среднорочно може да се збогува со препораката за преговори, но и со можност за неа воопшто да се разговара на состаноците во Брисел. Не треба да се биде многу умен кој потоа ќе се обидува да добие политички поени кај македонските граѓани со тезата дека тој што е на власт е единствениот одговорен за добивање или губење на препораката.

Во овој контекст останува и дилемата која е калкулацијата на СДСМ за вакво сценарио. Се надеваат ли на Бихаќка дека кога тие еден ден ќе дојдат на власт ќе можат брзо да го свртат текот на европската историја на Македонија? За тоа сепак ќе бидат неопходни два предуслови. Сегашната власт која еден ден ќе биде опозиција ќе треба да учествува во политичкиот дијалог затоа што без него според сегашните критериуми нема враќање на препораката. И второ, доколку ВМРО ДМНЕ тогаш не го прекинува политичкиот дијалог како што тоа го прави, СДСМ ќе треба да најде компромисно решение за името, нешто што не можеше да го стори во текот на деценијата меѓу 1992 и 2006 кога ги имаше сите потребни механизми да го затвори прашањето со Грција.
И ХЛАД – от  во мирување
Во целата оваа анализа на внатрешно – политичките состојби соседна Грција не треба да се третира како надворешен фактор. Грција како претседавач со ЕУ до јули и како директен интересент за состојбите во Македонија во првиот момент кога опозицијата или власта ќе ги прекршат членовите на мајскиот договор и ќе го запрат политичкиот дијалог во собранието ќе прогласи вонредна состојба меѓу европските фактори кои што сеуште се занимаваат со земјава и ќе подготвни терен за негативен извештај и одземање на препораката за преговори. И потоа воопшто нема да биде важно кој прв почнал или кој е виновен затоа што штетата ќе ја трпиме сите заедно.
Притоа Грција нема да застане само на препораката, моќниот противник ќе има целосен легитимитет пред европските партнери да го запре и Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) што веќе се најавува како опција меѓу дипломатскиот кор во Атина. Аргументирајќи дека Македонија нема капацитет да ги спроведе договорите со европските институции Самарас многу лесно може да ги убеди своите колеги да го елиминираат механизмот кој беше измислен од Унијата само за да не губи Македонија време во услови на вето од една членка. Дали Македонија повторно ќе добие таква шанса ќе покаже историјата.
Од Грција можеме само да учиме
А Грција колку и да е тоа апсурдно е најдобар пример како партиите кога е тоа од највисок државен интерес се согласуваат и тогаш кога имаат огромни разлики. Во моментов јужниот сосед  има влада со три партии во коалиција со дијаметрално спротивни идеолошки и политички ставови. Сепак и покрај разликите Грција, ниту еднаш, ниту една партија не направи ништо што можеше да ја загрози државата пред странските партнери и финансиери. За разлика од македонските левичари нивните колеги од СИРИЗА и покрај тоа што никогаш не биле на власт, а на анкетите се први или втори ниту еднаш не испровицираа полиитчка криза со цел да ја урнат власта и тие да ја преземат владата. Иако никогаш претходно не биле на чело на земјата.
Преземено од: РепубликаСуштината на соопштението на кабинетот на Филе по божиќната средба во седиштето на Унијата е јасна и едноставна. Ако запре спроведувањето на мартов

Пронајдете не на следниве мрежи: