Без паника: Еве што треба да сторите ако коска од риба ви се заглави во грло!

Многу луѓе сакаат риба, но не ја јадат често поради иритантните коски за кои понекогаш се чини невозможно да се отстранат. Многумина дури и не се осмелуваат да јадат риба поради страв да не голтнат коска, што секако е непријатно искуство.
Но, без грижа. Постои решение за тоа.
За почеток, рибата не треба да се јаде брзо, туку полека. Пожелно е да се густира, најдобро со чаша добро вино.
Треба да се исчисти секој залак и од најмала коска.
Сепак, доколку се случи коска од риба да ви застане во грло, проголтајте корка леб.
Таа сигурно ќе је турне коската кон желудникот, каде што желудочните сокови брзо ќе ја растворат.
Но, сепак се случува коската добро да се заглави што дури ниту леб не помага. Во тој екстремен случај обидете се со лимон.
Исечете кришки и полека цицајте го сокот, кој поминувајќи низ грлото ќе ја раствори коската.

Пронајдете не на следниве мрежи: