По разводот со Брус Џенер, Крис не губи време. Таа има ново момче, помладиот менаџер, Кориј Гејмбл. Сепак нејзината нова романса и пречи на Ким и нејзините сестри, откриено е во новата епизода од нивното рејалити.Ким Кардашијан, една од ќерките на Крис, сакала да открие детали од нивната врска. Како што вели нејзината мајка е бучна, и таа ноќе не може да спие.
„Креветот удираше во ѕидот. Тој звук ме разбуди. Успеав да заспијам, но повтопрно се разбудив. Мислам дека ги слушнав воздишките на мама“, објаснила Ким.
На прашањата во врска со нејзиното момче и деталите кои ги изнела Ким во шоуто, Крис одговорила:
„Здодевно е тоа што моето семејство сака да знае се за нашата врска. Јас сакам да го живеам својот живот. Сите поставуваат прашања, и сакаат одговор. Имам впечаток дека ме мразат“, изјавила Крис.
Но, нејзините деца не мислат така. Кога Клои слушнала што изјавила нејзината мајка, искоментирала:
„Ние само сакаме да бидеш среќна“, обидувајќи се да ја убеди Крис дека немаат ништо против неа.Ким Кардашијан, една од ќерките на Крис, сакала да открие детали од нивната врска. Како што вели нејзината мајка е бучна, и таа ноќе не може да спи



