Без победник на „Сантијаго Бернабеу“

Без победник завршија првите осмина финални дуели, во Лигата на шампиони, помеѓу Реал и Манчестер Јунајтед, односно Шахтјор и Борусија Дортмунд.Дербито на оваа фаза, дуелот на трофејните Реал и Манчестер Јунајтед на „Сантијаго Бернабеу“ заврши со резултат 1:1.Мега пресметката ги исполни очекувањата, двата тима покажаа врвен фудбал имаа свои шанси за победа, но на крајот ремито е најреален исход.Блескаа на овој меч голманите на двете екипи Диего Лопез и Давид Де Хеа. Инаку Манчестер Јунајтед дојде во водство по 20 минути игра кога Дани Велбек го совлада Лопез, а 10 минути подоцна израмни Кристијано Роналдо.Одличен меч на „Донбас Арена“ одиграа шампионите на Украина и Германија, Шахтјор и Борусија, кој заврши 2:2.Домаќинот два пати водеше, но Борусија два пати се враќаше во игра. Срна погоди за Шахтјор по половина час игра, а предноста во 40.минута ја анулира Левандовски.Шахтјор по втор пат во водство го донесе Даглас, а конечниот резултат го постави Хумелс на три минути до крајот на мечот.
МакфаксБез победник завршија првите осмина финални дуели, во Ли

Пронајдете не на следниве мрежи: