Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без електричка енергија утре од 09:00 до 14:00  часот ќе бидат корисниците од улицата „Златко Шнајдер“ број 4 и 8 и улицата „Апостол Гусларот“ број 48, во општина Центар.Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-мрежата.
Од 8 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улица 11 во селото Кадино, од 08:40 до 15 часот корисниците од улицата 16, од 9 до 12 часот населеното место Камник, а од 12 до 14 часот корисниците од улицата 519 во населбата Керамидница во општина Гази Баба.
Без струја утре од 08:30 до 12 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Народни Херои“, во општина Кисела Вода.
Од 9 до 15  часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Нов Живот“, „Брсјачка Буна“ и „Злетовска“, во општина Шуто Оризари.
Без електрична енергија од 10 до 11 часот ќе бидат корисниците од викенд населбата Орешани, во општина Зелениково.

Пронајдете не на следниве мрежи: