недела, 29 ноември 2026
Најново

Бидете хумани – Апел за помош на Стојко Голубовски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На Стојко Голубовски, пензиониран полициски службеник, потребни му се средства за покривање на трошоците од лекувањето на пост-ампутација направена на Државна клиника за торакална и васкуларна хирургија.  
По тримесечна борба со артеросклероза, дијабетес и извршени две ампутации и бај-пас на десната нога, Стојко мораше да биде префрлен на приватна клиника. Имено, заради недостаток на соодветна пост-оперативна нега, професионален болничарски кадар и хигиенски услови за пациенти на кои им е извршена ампутација на нога, мораше да го продолжи лекувањето во Аџибадем Систина. Во Систина беше примен на сопствен ризик, свесен дека шансите да не преживее се големи. Но, по 8 дена на интензивна нега, тој беше префрлен на одделение каде што веќе 4 недели се лекува.
Досегашното едномесечно лекување во Систина чини 8.500 евра, а половина од сумата покри неговата ќерка. Итно недостасуваат уште околу 253.775 илјади денари, а новите трошоци пристигнуваат веќе утре.
Семејството и неговата ќерка Јасмина Голубовска молат за помош!
Како да донирате?
Дознака: Уплата на донација за лекување
Број на трансакциска сметка: 300007075382766
Банка: Комерцијална банка АД Скопје
За евентуално уплаќање на девизи
Дознака: Уплата на донација за лекување
Број на сметка: 300307051693508
Name/surname: Jasmina Golubovska
Address: Jani Lukrovski, no 5-1/29
Iban: МК07300307051693508
Swift code: KOBSMK2X
Bank address: ORCE NIKOLOV 3
Bank name: Komercijalna banka AD Skopje
 
  
По тримесечна борба со артеросклероза, дијабетес и извршени две ампутации и бај-пас на десната нога, Стојко мораше да биде

Поврзани вести