Бидете потсетени во близина на вашиот дом со новата функционалност на МarkO

MarkO – паметниот потсетник за завршување на дневните обврски, воведе две нови функционaлности со кои Ви го заштедува времето што би го потрошиле во куцање на текст за Вашите потсетници. Во најновата верзија, ќе имате можност да ги подесите адресите на вашиот дом и вашата работа како и да креирате потсетник со гласовна команда.Колку пати Ви се случило да сфатите дека повторно не го фрливте ѓубрето претходната вечер, токму кога поминувате до корпа за отпадоци? Или сте заборавиле да му ја вратите книгата на Вашиот другар дури откако сте седнале со него на кафе?
Со можноста за подесување на вашата домашна адреса во MarkO, ќе можете да го избегнете ова. Секако, за да престанете да го заборавате извештајот на крајот на работниот ден, би било добро да ја подесите и адресата каде што работите. А доколку не сте вработени, можете да ја подесите адресата на вашиот втор дом: можеби тоа е вашето училиште, факултет или пак домот на Вашиот партнер.
Во својата претходната верзија, MarkO ги воведе и паметните сугестии за локацијата, времето и пријателите со кои го споделувате потсетникот. Доколку креирате потсетник што ги содржи зборовите: home, my place, flat, condo итн. во картичката за предлози на локацијата, MarkO автоматски ја додава Вашата домашна адреса. Со воведувањето на домашната и адресата на работа, MarkO го менува и изгледот на менито “Мој профил” и истиот сега може да се одбере и од главното мени на апликацијата.Колку пати Ви се случило да сфатите дека повторно не го фрливте ѓубрето претходната вечер, токму кога поминувате до корпа за отпадоци? Ил

Пронајдете не на следниве мрежи: