На манекенката Лорен Скрагс (26) пред три години бизарна несреќа и го променила животот, авионски пропејлер ѝ го уништил лицето и раката, која морала да ѝ биде ампутирана. Несреќата која ја доживеала Лорен се случила кога таа влегла во работно поле на пропејлер по летот со мал спортски авион над Тексас. Храбро ги издржала операциите, а на венчавката на која му рекла ДА на водителот Џејсон Кенеди (33), нејзината насмевка открила дека Лорен ги оставила сите проблеми зад себе.
„Џејсон потполно ме промени, и не можам да бидам посреќна што тој е таков каков што е и што толку многу ме сака“, кажала таа и додала дека венчавката ја очекувала со големо нетрпение.
Венчавката се одржала во хотелот „Четири сезони“ во Далас. Лорен ноела фустан од дизајнерот Роман Кевеж, а до олтарот ја довел незиниот татко Џеф Скаргс.
„Бог ме награди со личност која ја чекав целиот живот. Лорен промени се и не можам да верувам дека животот ќе го поминам со нејзе“, рекол Џејсон.
Младоженецот имал дури 11 девери, а негов кум на венчавката бил Пастор Рич Вилкинсон Јуниор, кој ги венчал Ким Кардашијан и Канје Вест. Помеѓу гостите биле колегите до од телевизијата „Е“, Џулијана и Бил Ранчиќ.Несреќата која ја доживеала Лорен се случила кога таа влегла во работно поле на пропејлер по летот со мал спортски авион над Тексас. Храбро ги издр



