Биљали: Македонија треба да се подели еднаш засекогаш

Loading...

На интернет-каналот „Јутјуб“ завчера се најде уште една снимка во серијалот објавен од анонимно лице, кое се потпишува како „Никола Тесла“. Станува збор за разговор меѓу новинарката Оливера Трајковска и албанскиот аналитичар и професор Мерсел Биљали, пишува ДНЕВНИК.Од она што се слуша на снимката од приватниот разговор, Биљали ~ се обраќа на Трајковска во прилично интимна конотација, а разговараат на тема нејзините гости во дебатната емисија. Откако таа му одговара дека меѓу гостите ќе биде и аналитичарот Рамадан Рамадани, Биљали го квалификува како „екстремист, кој има пукано“, а подоцна обајцата се шегуваат на негова сметка. Во текот на разговорот Биљали коментира и дека „Македонија треба да се подели еднаш за секогаш“.
Зошто токму сега и зошто токму овој разговор се прашањата поставени во форма на коментар под видеоснимката на „Јутјуб“. Одговор нема од анонимниот објавувач, а нема ни од надлежните институции, како што немаше ниту за другите снимки од приватни разговори на јавни личности, политичари и новинари претходно.
СЈО молчи и за овој и за сите разговори претходно
„Дневник“ се обрати вчера до Специјалното јавно обвинителство дали тие имаат намера да покренат постапка, но до крајот на работниот дел од денот одговор не добивме.
Дека нови снимки ќе бидат објавувани „Дневник“ пишуваше на почетокот на декември, а истите се однесуваат на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и на бизнис-секторот близок со неа. Ваквата најава тогаш ја даде токму лицето со ник „Никола Тесла“, а кое и претходно стоеше зад пуштањето повеќе снимки од прислушувани разговори.
Во дописот што беше тогаш испратен до порталот „Револуционер мк“ се наведува дека првите разговори беа пуштени со цел македонските граѓани да видат на кој начин се водела државата изминативе десет години. Во продолжение лицето наведува дека нема да ги поштеди ниту новинарите. Авторот наведува дека снимките, во кои ќе се објават и скандалите со сексуалната ориентација во врвот на владејачката партија, ќе бидат објавени наскоро.
Подоцна истиот месец беа објавени три телефонски разговори на истата новинарка со Мендух Тачи, но никој не реагираше, ниту од МВР ниту од СЈО. Стануваше збор за разговори снимени незаконски пред минатите избори, а беа објавени на фејсбук-страницата Opozita Shqiptare e Maqedonise и на Lirim Ilirid. Не е познато кој ги објавил овие разговори. Но, на оваа социјална мрежа може да се види дека фејсбук-страницата Opozita Shqiptare e Maqedonise е од постар датум и оти има дури 28.645 поддржувачи. На оваа страница, покрај нејзиното име, може да се забележи и ознаката дека е kundermaqedonise, односно „противмакедонија“. За разлика од неа, фејсбук-страницата Lirim Ilirida е нова и очигледно е направена со цел преку неа да се објават најновите снимки на прислушуваните разговори.
Цедиња со снимки се нудат од 100 до 300 денари
Од моментот на објавувањето на прислушуваните разговори од опозицискиот СДСМ и нивното предавање на Специјалното јавно обвинителство, во јавноста почнаа да се појавуваат и други снимени разговори. Тие не само што почнаа да се пуштаат по социјалните мрежи, туку слободно можеа и да се купат на разни локации во земјава по цена од 100 до 300 денари за едно цеде.
Претходно објавените разговори се однесуваа на приватни конверзации меѓу уредникот на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, и сопственикот на медиумот, Горан Иванов, на разговорот меѓу Павловиќ и Ивона Талевска, главен и одговорен уредник во дневниот весник „Вечер“, како и меѓу првиот човек на скопската Kомерцијална банка, Хари Kостов, и Бранко Бојчевски, основач на агенцијата за обезбедување „Оса“.
Сите овие снимки и натаму може да се слушаат преку социјалните мрежи и покрај најавите од МВР и од Специјалното јавно обвинителство дека ќе преземат с` што е потребно да се открие личноста што ги објавува и да се оневозможи нивното натамошно објавување. Од овие органи с` уште нема никакво објаснување до каде стасале во истрагата иако засегнатите граѓани поднеле барање за отворање кривична постапка за објавени разговори на „Јутјуб“ од анонимно лице потпишано како Никола Тесла.Од она што се слуша на снимката од приватниот разговор, Биљали ~ се обраќа на Трајковска во прилично интимна конотација, а разговараат на тема нејз

loading...