Бимилк организира отворен ден за сите граѓани кои сакаат да ја посетат фабриката и да се информираат за нејзиното работење

Скопје, 12.11.2015, Млекарницата Бимилк, на 16-ти ноември во понеделник, организира отворен ден, за сите граѓани кои сакаат да ја посетат од близу и  подетално да се информираат за различни аспекти од нејзиното работење. Овој настан е во согласност со корпоративната определба на Бимилк за транспарентно работење и близок и непосреден однос со потрошувачите.За време на отворениот ден во периодот од 10:00-16:00 часот, вратите на Бимилк ќе бидат  отворени за сите заинтересирани посетители кои сакаат да дознаат нешто повеќе за историјата на компанијата, стандардите за квалитет кои се имплементирани во работењето, за процесот на производство, како и аспектите од работењето кои се неопходни за креирање на еден препознатлив бренд како што е Бимилк.
„Со задоволство ги поканувам сите граѓани кои се заинтересирани да дознаат нешто повеќе за работењето на компанијата, да ја искористат оваа можност и да ја посетат нашата млекарница во понеделник на 16-ти ноември. Нас ни претставува чест да се запознаеме со нашите потрошувачи, да им го претставиме работењето на компанијата и да одговориме на сите прашања кои ги интересираат. Со цел да одржи непосредна и отворена комуникација со своите потрошувачи, Бимилк со големо задоволство ќе продолжи да организира вакви настани и во иднина.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк
За подетални информации, контактирајте не на тел: 047/226-380 или 071/265-378
Лице за контакт: Полексена Ристеска, е-маил: [email protected]
За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нашата веб страница www.bimilk.mk За време на отворениот ден во периодот од 10:00-16:00 часот, вратите на Бимилк ќе бидат  отворени за сите заинтересирани посетители кои сакаат

Пронајдете не на следниве мрежи: