Биографија за Бруно Шулц – 300. книга во „Антолог“

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство најавува дека книгата Свршеничката на Бруно Шулц од полската писателка Агата Тушињска е 300. книга во книжевната продукција на оваа издавачка куќа.Оваа своевидна новелизирана биографија на Бруно Шулц на македонски ја преведе Милица Миркуловска.На плоштадот во Дрохобич, на 19 ноември 1942 година, додека се враќал дома со сомун леб, бил стрелан Бруно Шулц. Неколку години подоцна, неговите книги стануваат дела со епохално значење во светската книжевност. Легендата за генијалниот уметник почнува да расте. Успесите на Шулц по неговата смрт ги следи една жена, обвиена со превезот на тајната… Јузефина Шелињска, Јуна, неговата Муза и единствената жена на која Бруно Шулц ѝ има предложено брак. Ова таа го таела речиси половина век. Во повоените прашалници, во категоријата „брачна состојба“ наведувала: слободна.
Бруно Шулц (1892-1942) бил полски писател, уметник, литературен критичар и професор по уметност со еврејско потекло.Се смета за еден од најголемите прозни стилисти на полскиот јазик во дваесеттиот век. Во 1938 година бил награден со Златниот лаворов венец на Полската академија за литература. Многу од неговите дела биле изгубени во холокаустот, меѓу кои кратки раскази од раните 1940-ти и неговиот последен, недовршен роман – Месијата. Неговите две сочувани книги, Продавниците со боја на цимет и Санаториумот во знакот на клепсидрата, се преведени и на македонски јазик.
Зошто Шулц никогаш не се оженил? Зошто токму тој се има потпишано на полскиот превод на Процес од Франц Кафка, иако преводот го направила Шелињска? Од какви причини Јуна не си го „средила“ животот со друг маж? Каква судбина го дочекала Месијата, загубениот ракопис на последниот роман од Шулц? Ова се дел од прашањата на кои дава одговор овој оригинален роман.
Свршеничката на Бруно Шулц е прекрасна приказна за љубовта, за поразите и за уметноста, која уште еднаш се покажува помоќна од смртта.
Книгата е објавена со поддршка на Полскиот институт за литература.
Агата Тушињска (1957) е полска писателка. Ќерка е на историчар и новинарка. Доктор е по хуманитарни науки. Предавала книжевност и новинарство. Во пишувањето се занимава со биографијата и со книжевната репортажа. Мешајќи ги историското и фиктивното, објавила дваесетина книги, од кои неколку станале бестселери.На плоштадот во Дрохобич, на 19 ноември 1942 година, додека се враќал дома со сомун леб, бил стрелан Бруно Шулц. Неколку години по

Пронајдете не на следниве мрежи: