БИТ ФЕСТ- Сцена и за промоција на стопанските врски и соработка

Во рамките на БИТ ФЕСТ, беше промовиран документарниот филм „Мостот помеѓу Битола и Нингбо”. Филмот ги претставува односите на соработка и пријателство помеѓу општина Битола и седуммилионската кинеска општина Нингбо. Низ една динамична видео приказна беше засведочено збратимувањето, градењето на пријателството и соработка. Филмот е насловен симболично „Мостот помеѓу Битола и Нингбо” заради големината и перспективата на релациите помеѓу Битола и Нингбо, инспирирано од најдолгиот прекуморски мост во светот, долг 36 километри, кој го поврзува градот Нингбо со финансиската престолнина Шангај. Овој мост е симбол на економската моќ на Нингбо,а мостот на пријателството од Битола до Нингбо е уште поголем – 12.000 километри (растојание меѓу Битола и Нингбо), што ја симболизира големината на добрите намери и пријателските односи на двете општини.
Документарниот филм, чиј автор е новинарката Анета Шијакова, е сниман во Нингбо, Кина и Битола во текот на 2014 и 2015 година. Во документарниот филм се претставени и посетите на кинеските делегации во Битола и нивниот интерес за економска соработка, како и престојот во Кина на битолскиот градоначалник д-р Владимир Талески. На овој начин филмот ,,Мостот помеѓу Битола и Нингбо“ дава еден заокружен приказ на процесот на збратимување, но и развојот на односите помеѓу Нингбо и Битола, како основа за развој на бизнис, културни и други релации помеѓу Битола и Нингбо.Низ една динамична видео приказна беше засведочено збратимувањето, градењето на пријателството и соработка. Филмот е насловен симболично

Пронајдете не на следниве мрежи: