БИТФЕСТ 2015- Незаборав за Гоце Николовски

Пред полната сала и воодушевената публика во Салата на Центарот за култура, на манифестацијата „Незаборав“ посветена на Гоце Николовски настапија Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Зоран Маневски и групата „Калабалак“.Инаку, културно-уметничката манифестација „Незаборав“, во рамките на БИТ ФЕСТ се одржува по шести пат и годинава му беше посветена на Гоце Николовски затоа што неговите родни корени се од битолските села Барешани и Лажец, а и затоа што неговата легендарна песна „Бисер Балкански“ ќе се пее секаде и додека има македонци. Во 2010 година „Незаборав“ беше посветен на Сашка Петковска, во 2011 на Јонче Христовски, во 2012 на Пепи Бафтировски, во 2013 година на Љупчо Спасеновски-Буба Мара, а минатата година на пејачот Добри Ставревски. Ова се сите битолчани, кои оставија неизбришливи траги во македонската музика и за кои живеат споменот и сеќавањата кај битолчани.Инаку, културно-уметничката манифестација „Незаборав“, во рамките на БИТ ФЕСТ се одржува по шести пат и годинава му беше посв

Пронајдете не на следниве мрежи: