Битката трае од 90-тите: Како започна војната помеѓу Цеца и Карлеуша?!

Медиумската војна помеѓу Цеца Ражњатовиќ и Јелена Карлеуша отсекогаш ја интригираше јавноста. Пејачките секогаш ги полнеа медиумските страници, но малку се оние кои знаат како и поради која причина настана оваа кавга.Ова нивно непријателство и меѓусебно обвинување и напаѓање по медиумите трае скоро цели 20 години, а има започнато во 1995 година.
Тогаш малолетната, 17 годишна Јелена беше на прагот од својата кариера и пееше популарни турбо фолк песни. За разлика од неа, Цеца веќе беше голема ѕвезда и истата таа година се омажи за Жељко Ражњатовиќ – Аркан.
Амбициозната и пргава Карлеуша бргу сфати како функционира естрадата, па неколку години покасно во едно интервју даде изјава во која рече: „Сите ние сме курви!“
Оваа нејзина изјава одекна на сите страни, па меѓу првите кои реагираа беше сопругот на Цеца, Аркан.
„Карлеуша сигурно била пијана или дрогирана кога тоа го рекла“, изјави Аркан.
Потоа во една популарна емисија на телевизија, Јелена ги коментираше овие негови зборови: „Кој за што, курвата за чесност!“ И тоа на некој начин беше почеток на таа војна која веќе никој не можеше да ја запре.

„Како девојка на 19 години имав страшен судир со Аркан кој што јавно ме нападна. Тој беше убиец и криминалец, а јас на многу културен, шмекерски и храбар начин му се спротивставив. Го подигнавн гласот против него кога тоа не можеа да го сторат ни најмоќните луѓе во Србија. Цеца ми беше пример. Но кога таа и Аркан ме нападнаа јавно, ми се сруши целиот свет“, раскажуваше Јелена во едно свое интервју.
Таа доби поддршка од обожавателите, затоа што имаше храброст да проговори за она за кое цела Србија молчеше. Имаше и такви кои што ú замеруваа за ова, затоа што и самата се забавуваше со сомнителен тип, Зоран Давидовиќ – Чанда.
На почетокот од 2 000 – та беше убиен Аркан, а само две и половина години покасно и Чанда. Судбината како иронично да си поигруваше со двете пејачки и најголеми ривалки на естрадата.
Лошиот период за Цеца започна само 5 дена после убиството на српскиот премиер Зоран Џинџиќ, на 17 март, 2003 година, кога беше уапсена во својот дом, во кој беше пронајдено скриено оружје за кое таа покасно ќе тврди дека ú останало од Аркан и дека воопшто не знаела дека се наоѓа во куќата.
Во монетите на апсењето во нејзината куќа се наоѓал и таткото на Карлеуша, Драган, тогаш полициски службеник на висока положба. Во ударниот термин на РТС беше прикажана фотографија од Цеца, во друштво на припадници на земунскиот клан кои беа директно обвинети за убиството на премиерот.
Цеца се најде во затвор, каде што помина повеќе од два месеца, но тоа не ја порази. Напротив, се врати посилна од претходно, а конфликтот со колешката Карлеуша уште толку се распали. И додека Јелена ја користеше секоја прилика за да ја оцрни својата ривалка, Цеца само молчеше и само повремено ќе одговореше на отровните стрели.Ова нивно непријателство и меѓусебно обвинување и напаѓање по медиумите трае скоро цели 20 години, а има започнато во

Пронајдете не на следниве мрежи: