Битолчанка наплаќала за силувањето на својата ќерка, а кога девојчето се бунело, таа ја казнувала на монструозен начин

Битолчанка им ја продавала својата 11-годишна ќерка на клиенти за сексуални услуги, при што додека тие го силувале девојчето, таа му ги врзувала очите и му ги држела нозете. Доколку девојчето се спротивставело, го бодела со нож или го тепала со метла. Очевидци на монструозното дело биле нејзините брат и сестра, на кои мајката монструм им се заканувала дека ќе ги убие ако проговорат за ужасната глетка.Но и покрај заканите, случајот е пријавен во полиција, по што мајката била уапсена, а подоцна и осудена на десетгодишна затворска казна за подведување на проституција. Пресудата сè уште не е правосилна. Затворски казни им се изречени и на двајцата мажи што го силувале девојчето. Ним прво им била изречена казна затвор во траење од по шест години. Подоцна, по жалба, Апелациониот суд во Битола ги преиначил затворските казни и секому од нив му досудил по осум години затвор. Според обвинителниот, акт девојчето било брутално силувано во нивната куќа во 2011 година. Двајцата мажи, за сексуалните услуги платиле од 500 до 1 000 денари. Клиенти на девојчето биле соседите. Откако мајката ќе ја договорела цената, ги повикувала да дојдат во нејзината куќа. Дента кога се случил грозоморниот чин, девојчето си играло во дворот. Таа го повикала да влезе дома. Веднаш го соблекла девојчето голо, му ги врзала очите со чорап, го легнала на креветот и, држејќи го за нозе, му го предала на клиентот. При првиот сексуален однос, девојчето почнало да вреска од болка, па мајката, за да не ги изгуби парите и да го замолчи, го избола со нож по челото. Наредниот ден истиот клиент пак го злоупотребил девојчето, за што платил 1 000 денари. Неколку дена подоцна, во куќата дошол друг клиент кој, исто така, на двапати, за цена од 1.500 денари го силувал девојчето. Како ја силуваат сестра им, виделе постариот брат и сестра, кои за тоа го известиле нивниот татко, кој живеел во село во Битолско. Случајот бил пријавен во полиција. Од извршениот лекарски преглед било констатирано дека девојчето е силувано. Обвинетата мајка одрекувала пред Судот дека го сторила делото. се правдала со зборовите:”Никоја мајка не сака да му наштети на своето дете”Битолчанката била мајка на пет малолетни деца. Откако се разделила од сопругот, останала да живее во куќата на нејзината мајка. Постојано ги малтретирала децата. За тоа била предупредувана и од мајка $ и од братот, кој $ го зел и едно од децата да го чува кај него дома. Постојано во куќата примала различни мажи, за што сведочеле и децата.Но и покрај заканите, случајот е пријавен во полиција, по што мајката била уапсена, а подоцна и осудена на десетгодишна затворска казна за подведув

Пронајдете не на следниве мрежи: