Бизарно: Се продаваат играчки за несреќата на Шумахер!

Германскиот весник „Титаник“ ги шокираше сите со својата статија за Шумахер. Притоа, во весникот била објавена  фотографија од Ники Лауда, по тешката повреда, со опис дека ова е последната слика од Михаил Шумахер, кој повеќе од еден месец е во вештачка кома.
Во текстот има многу споредби на  Лауда и Шумахер, што секако ја згрози светската јавност. 
Австрискиот возач се одлучи да го тужи весникот поради овој текст, а најверојатно на истиот чекор ќе се одлучи и семејството на Шумахер.
– Ова е болно и изопачено. Трагедијата ја претворија во забава. Се прашувам, каква личност може да објави вакво ѓубре? Ќе поднесам тужба, вели возачот.

Германскиот весник оди дотаму што нуди и играчки за деца во која главен лик е Шумахер на стазата за скијање каде и ја доживеа страотната несреќа, поради што беше подложен на две тешки операции. Фигурата оди по полиња, па продолжува кон еден камен каде Шумахер се удира, па завршува во болница. 
Инаку, магазинот е направен во 1979 година, а од тогаш дури 35 изданија биле забранети за продажба.Притоа, во весникот била објавена  фотографија од Ники Лауда, по тешката повреда, со опис дека ова е последната слика од Михаил Шумахер,

Пронајдете не на следниве мрежи: