БИЗАРНО: Во иднина ќе се користат дигитални гробишта

Огромната количина на лични податоци во дигитална форма на многубројните социјални мрежи ни наметнува еден поинаков начин на чување на спомениците на починатите.Дизајнерката Хадас Арнон од Израел смисли концепт „дигитални гробишта“, односно УСБ стикови во форма на надгробни споменици. Дигиталните гробишта треба да претставуваат своевидна архива, затоа секое УСБ треба да содржи фотографии, видео снимки или други материјали во дигитална форма, а кои не потсетуваат на најмилите личности кои сме ги изгубиле.
– „Дигиталните спомени се многу важни за нашите животи, но истовремено се неопипливи. Тоа ме доведе до идеата да дизајнирам мал споменик кој може да ги чува во мир спомените“, напиша на својата страница дизајнерката Хадас Арнон.
Со оглед на тоа дека во последно време на социјалните мрежи се појави проблем со профилите на починатите, идеата за дигитални гробишта можеби и не е толку футуристичка.
 Г.М.Дизајнерката Хадас Арнон од Израел смисли концепт „дигитални гробишта“, односно УСБ стикови во форма на на

Пронајдете не на следниве мрежи: