Bling, bling! Идеи за украсување на вашиот дом со божиќни сијалички

Во многу домови веќе се започнати подготовките за претстојните празници. Овие подготовки вклучуваат украсување на куќите и становите, а неизбежен дел од украсувањето се светилките.
На елката обично ставаме сијалички, но можете да ги користите и за украсување на вашиот дом за време на празничната сезона.


Снопче од сијалички можете да го ставите во поголема тегла и да го поставите на саканата површина. Тоа може да биде секое парче мебел како на пр. комода или можете да ги ставите пред прозорецот.


Украсете го често занемарениот дел од домот со светилки – оградите. Едноставно завиткајте ги околу оградата, сами или во комбинација со вештачки дрва.


Верувале или не, старо велосипедско тркало со помош на светилки може да стане божиќна декорација, а во нашата галерија погледнете повеќе интересни идеи за украсување на домот.

Најдобриот дел од украсувањето на вашиот дом со сијалички е тоа што тие не мора да бидат таму само за време на празниците, туку можат да мамат насмевка на вашето лице во текот на целата година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.