Близнаците се шармантни, стрелецот обожава авантури и возбуда, а рибите се нежни верни и романтични

Loading...

Кога станува збор за основните карактеристики на хороскопските знаци, можеме да кажеме дека никој од нив не е совршен.Позитивните и негативните особини го прават секој хороскопски знак посебен за себе.Овен
Вие сте родени да бидете број еден. Сакате да демонстрирате сила, индивидуалност, сигурност и самоувереност. Не сакате да бидете сами, многу често сте егоисти и барате големо внимание, а кога нема да го добиете веднаш надвладува лошото расположение. За среќа, ретко имате проблеми во привлекувањето на вниманието. Во љубовните односи сте многу романтични. Умеете да уживате во секоја минута, страсни сте и никогаш не го разочарувате партнерот. Страв ви е од досадата и спремни сте да го оставите вашиот партнер, ако страста во вашата врска исчезне.
Бик
ако бикот и вие работите многу напорно и сте најупорниот знак во хороскопот. Знаете да бидете тврдоглави, но позитивна страна е тоа што сте лојална личност на којa може секој да се потпре. Само внимавајте да не заглавите засекогаш во вашата сигурна зона и вашиот живот да започне да стагнира.  Најнегативна ваша карактеристика е вашата склоност да ги поседувате најлуксузните предмети. Во љубовта сте многу романтични, верни, но и многу љубоморни. Секогаш знаете што сакате и ништо не може да ве спречи да ја остварите вашата цел.

 
Близнаци
Ако сте родени во овој знак вие секогаш се стремите да соберете максимално количество информација и сакате да учите нови работи. Можете да исполнувате повеќе дејности едновремено, умеете да ги инспирирате другите, но не останувате долго време верни на една идеја. Во љубовната врска не се задлабочувате многу, па многу ви е лесно да прекратите со вашата врска, да започнете веднаш нова или да имате неколку врски едновремено. Вие сте шармантни, симпатични и имате многу пријатели во сите сфери на вашиот живот.
Рак
Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни.  Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни. Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина.
Лав
Ако вашиот знак е лав, тогаш вие се сметате за центар на светот и понекогаш сте во право! Исто како сонцето и лавот загрева сè наоколу со неговата драма и со начинот на комуникација. Вашите пријатели знаат дека секогаш треба да ве прават среќни и весели или ќе има драма. Во љубовната врска се стремите да блескате. Романтични сте и давате се од себе кога сте ценети од партнерот и кога постојано вниманието е насочено кон вас. Вие сте секогаш среќни кога ви се обрнува внимание. 
 

 
Девица
Ако вашиот знак е девица, тогаш сигурно сте многу љубопитни. Секогаш сакате да знаете сè до детали, потоа тоа го анализирате, формирајќи си свое мислење и преценка. Вие сте перфектен и прецизен работник, организирани сте и подредени. Поради вашиот перфекционизам, секогаш ги гледате грешките и недостатоците кај другите и понекогаш премногу ги критикувате вашите пријатели. Во љубовта сте повеќе ладни и практични, отколку романтични.
Вага
Ако сте родени во овој знак, тогаш поради влијанието на Венера вие сте љубител на добрата храна и скапите работи.  Понекогаш сте несигурни во вашите ставови и многу често отстапувате од нив. Но, не секогаш вашето отстапување е поради тоа што се чувствувате победени. Вашата желба е да има мир и хармонија. Вие се стремите да бидете објективни и справедливи. Секогаш се борите за правда и тоа го правите со стил. Во љубовната врска сте забавни и романтични. Знаете како да ги шармирате луѓето околу вас и длабоко во вас се крие голем борец.
Скорпија
Ако сте родени во овој знак, исто како и митолошката шкорпија и вие реагирате остро на сè и не сакате да се потчинувате на заповеди. Шкорпијата е еден од најсилните знаци во хороскопот заедно со лав, водолија и јарец. Оние кои што ќе се обидат да го променат карактерот на шкорпијата ќе наидат на проблеми, затоа што никој не знае која е тајната мотивација за нивните постапки.  Шкорпијата е знак на сексот и смртта, на крајот и почетокот на сè. Како претставник на овој знак вашите идеи ги разгледувате од емоционална гледна точка. Во љубовните односи сте верни, исклучително нежни, страсни, но оној кој е до вас го гледате како своја сопственост.

 
Стрелец
Ако вашиот хороскопски знак е стрелец, вие имате слободен дух, оптимисти сте, секогаш отворени за нови идеи и амбициозни. Вие сте најсреќни во широко отворени пространства, каде што има многу авантури и возбуда. Обожавате патувања и духовни учења – еден друг вид патувања, смели сте и во авантуристички дух. Секогаш кога раскажувате за тие ваши авантури малку преувеличувате, но тоа е со цел да ги забавувате вашите пријатели. Во љубовните односи вие сте авантуристи и не сте пример за верност. Многу тешко правите компромиси и имате потреба од комплименти. 
 
Јарец
Ако сте родени под овој знак, вие сте многу трпеливи и се издигате во општеството стапка по стапка. Добри лидери сте и најверојатно имате свој бизнис или се одвојувате од останатите служители со своето иноваторство и посветеност. Никогаш не ја оставате работата недовршена. Многу често сте фаталисти и гледате на иднината со недоверба. Вашата големина е во вашата упорност, т.е. работите секогаш напорно додека не ги постигнете вашите цели. Во љубовта не сакате да ризикувате и поради тоа сте верни и секогаш стабилни. 
Водолија
Вие им давате животворна течност на блиските, а пријателствата се многу важен аспект од вашиот живот. Работите упорно и енергично за да ги распространите вашите идеи, особено кога тие имаат некаква хуманитарна цел. Вие секогаш знаете како да го најдете идеалното решение за секој проблем. Различни сте од толпата и може да бидете многу добар лидер. Пацифисти сте, но многу сте жестоки кога луѓето не го споделуваат вашето мислење. Многу лесно го губите трпението и сте непредвидливи. Во љубовната врска сте нестабилни, не се приврзувате за партнерот и поради тоа не сте љубоморни.
Риби
Родените во овој знак се идеалисти и во повеќето случаи нивните желби се нејасни. Симболот на овој знак се две риби, кои пливаат во различна насока. Никогаш не сте агресивни, лесно наоѓате лидер кој што ќе ве води и сте задоволни кога судбината ве води, независно дали во познат или во непознат правец. Вие сте многу креативни, а вашата фантазија е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста. Љубител сте на танцувањето, филмовите, поезијата и музиката. Во љубовните односи сте нежни, верни и романтични, но само додека партнерот чува во себе си некаква таинственост. Овен
Вие сте родени да бидете број еден. Сакате да демонстрирате сила, индивидуалност, сигурност и самоувереност. Не сакате да бидете сами,

loading...
Loading...