Близнакот од Ѓорче кој вчера беше застрелан се бори за живот

Лекарите се борат да го спасат животот на 45-годишниот Даниел Т. кој синоќа доцна навечер беше застрелан на булеварот Партизански Одреди во Скопје.Како што информираат медиумите, 45-годишниот скопјанец од Ѓорче кој се здобил со прострелни рани во пределот на стомакот, градите и во десната рака, се уште се бори за живот, а лекарите даваат се од себе.
Според информациите објавени во медиумите, на пукотниците им претходела брктоница со автомобили во при која, повредениот загубил контрола, удрил во една жардинера на булеварот Партизански одреди кај бензинската станица Макпетрол по што врз него биле истрелани повеќе куршуми.
Даниел Трајковски Близнакот е познат лик во скопското подземје. Никогаш не ја криел својата блискост со СДСМ, а често фигурираше и како телохранител на дел од највисоките структури на партијата.
Полицијата извести дека се проверуваат безбедносните улични камери од Сејф сити системот на МВР и дека е започната детална истрага за настанот.Како што информираат медиумите, 45-годишниот скопјанец од Ѓорче кој се здобил со прострелни рани во пределот на стомакот, градите и во десната рака

Пронајдете не на следниве мрежи: