Блокиран патот до Таксим- еве какви наредби добила полицијата!

Турската полиција денеска го блокира пристапот до паркот Гези во Истанбул, пренесе ДПА.Опозициски групи денеска повикаа на плоштадот Таксим, во реонот на кој се наоѓа паркот Гези, да се организираат демонстрации по повод првата годишнина од големите антивладини демонстрации.
На плоштадот Таксим и булеварот Истиклјал се разместени многубројни полициски сили за борба со безредијата, како и бројни водени орудија, соопшти репортер на ДПА.
Властите забранија секакви собири на плоштадот Таксим во Истанбул и мобилизираа приближно 25.000 полицајци за да го блокираат пристапот до плоштадот. Во реонот се донесени 50 водени орудија, а исто така и пожарникарски возила и возила на брзата помош.
Турските медиуми информираат дека во попладневните часови на теснецот Босфор нема да се движат фериботи.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше намерата да се организираат демонстрации за одбележување на првата годишнина од протестите во паркот Гези.
Полицијата добила јасни наредби денеска да не дозволи демонстранти на плоштадот Таксим во Истанбул, изјави Ердоган, цитиран од весникот на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.
Ердоган ги повика граѓаните да не земаат учество на планираните протести.
Движењето Солидарност за Таксим, кое минатата година ги предводеше протестите во Турција ги повика своите следбеници повторно да излезат на улиците.
-Нема да можете да отидете на тие места, како што можевте минатата година бидејќи полицијата доби безусловни наредби да не дозволи демонстранти, рече Ердоган на церемонијата на отворање на општинска зграда во Истанбул.
-Тоа не е екопротест, рече тој, додавајќи дека движењето исламскиот проповедник Фетула Ѓулен од САД, исто така, стои зад протестите.
Ердоган ја обвини и главната опозициска Републиканско народна партија дека ги поддржува протестите и се обидува преку насилство и вандализам да „ја покрие дупката во својата сопствена политика“.Опозициски групи денеска повикаа на плоштадот Таксим, во реонот на кој се наоѓа паркот Гези, да се организираат демонстрации по повод првата годишн

Пронајдете не на следниве мрежи: