Bloodhound SSC е најмоќниот автомобил во светот. Може да развие брзина од над 1600 km/h!

Имињата на популарни производители како што се Ferrari, Porsche, Lamborghini или Bugatti, веројатно се првите асоцијации кои секој од нас ги прави кога станува збор за брзи автомобили. Модерните технологии постојано ни покажуваат дека идните модели и прототипи можат да понудат речиси неограничени можности во однос на брзината. Без никакво сомневање, најдобар категоричен доказ за тоа е импресивниот суперсоничен автомобил Bloodhound SSC, пренесе Gizmodo.Концептот на моделот е развиен заеднички од страна на Енди Грин и Ричард Нобл и дефинитивно може целосно да ја промени нашата претстава за тоа што е брзина.
Причината за ова е Bloodhound SSC, кој е најмоќниот автомобил што е создаден досега и располага со ракетен мотор кој му овозможува да развие зачудувачка брзина од над 1600 километри на час.
Благодарение на овој агрегат, самиот прототип се одликува со извонредни 135 илјади коњски сили и наскоро од инженерите од компанијата ќе направат обид да ја пробијат суперсоничната бариера.  
Од своја страна, тие веќе најдоа соодветно место за да го реализираат својот план, како локација е во Јужна Африка и која е речиси 20 километри долга, а широчината достигнува до 5 километри.
Bloodhound SSC не е едноставен тркачки автомобил или модел кој може да се вози во градски услови, а импресивната машина на најдобар начин ги демонстрира можностите на модерната технологија.
Ќе биде многу интересно да се следи кога Енди Грин и Ричард Нобл ќе се обидат да го постигнат овој феноменален рекорд и колкава точно брзина ќе развијат.Концептот на моделот е развиен заеднички од страна на Енди Грин и Ричард Нобл и дефинитивно може целосно да ја промени нашата претстава за тоа што

Пронајдете не на следниве мрежи: