БМВ ќе произведе самоуправувачки автомобил до 2021 година

Извршниот директор на „БМВ“ (BMW) Харалд Кругер, откри пред акционерите во компанијата некои детали во врска самоуправувачкиот автомобил кој германската марка треба да го пушти на пазарот во 2021 година.БМВ, меѓу многуте други нивни конкуренти на автопазарот, како и технолошкиот гигант „Гугл“, се упати кон автономните автомобили како еден од логичните правци на иднината во секторот.
Кругер ги откри заедничките планови за моделот „i NEXT“, кој освен самоуправување ќе предложи „дигитална конекција, интелигентен дизајн, сосема нов ентериер и како целина ќе ја донесе следната генерација на електромобилност на патот“.
Директорот на компанијата не откри подетални податоци за моделот, но потсети дека во 2011 година компанијата направи тест со самоуправувачки автомобил на германскиот автопат од Минхен до Нирнберг.
„Ќе помине време додека овие автомобили достигнат зрелост за сериско производство. Потребната законска рамка за клиентите и производителите сѐ уште не е решена“ – навел Кругер како едно од главните прашања за решавање на сѐ уште неизвесната иднина на автономните автомобили.БМВ, меѓу многуте други нивни конкуренти на автопазарот, како и технолошкиот гигант „Гугл“, се упати кон автономните автомобили како ед

Пронајдете не на следниве мрежи: