BMW што вози сам

Концептот на автомобил кој се вози сам од себе за некои е одлична идеја, но за други целосно досадна. Но, кога станува збор за долг пат, нема збор дека не постои подобра опција од оваа.
BMW неодамна го тестираше нивниот целосно способен автомобил на кој возач воопшто не му е ни потребен. Автомобилот е способен за менување на ленти, кочење и зголемување на брзината доколку сам „мисли“ дека е потребно.
Станува збор за модел на BMW кој се заснова на серијата на автомобили број 5, а на прв поглед двата модела воопшто не се ни разликуваат. Само надворешноста има неколку мали промени, но затоа внатрешната содржи додатен екран кој го зазема поголемиот дел од просторот пред совозачкото седиште и контролната табла полна со моќни компјутери.

Иако од BMW не се заинтересирани за откривање на начинот на кој овој автомобил функционира, се претпоставува дека тој користи систем од интегрирани детални мапи на патишта, кој го сместуваат на правото место во правото време. Ова, во комбинација со интегрирани радарски системи и возилото знае сѐ што се случува околу него.
Да речеме дека треба да поминете долги километри од автопатишта без да го допрете воланот, тогаш ќе треба да го извозите тој пат еднаш за автомобилот да може да ги прочита и запамти сите карактеристики на тој пат, за подоцна да создаде дигитална мапа, а вие да може да уживате во удобно возење без воопшто да управувате со автомобилот. Ова е одлично за оние кои постојано патуваат на дестинации кои им се повторуваат. Она што треба да направат е само да го притиснат копчето.

За жал оваа верзија нема да биде достапна за продажба бидејќи велат возачот кој нема да вози, а ќе биде во автомобилот, може да предизвика опасност, како на пример може да заспие. За таа цел наместо целосно автоматизирана верзија од овој автомобил, од BMW ќе понудат високо автоматизирана верзија. А, тоа значи дека возилото ќе превзема 99% од активностите за време на возењето, но ќе остави нешто и за вас, за да не бидете целосно нефокусирани.
Многу од возилата на BMW се веќе и повеќе од автоматизирани, како на пример оние од серијата 6 кои имаат активен круз контрол, кој може сам да ја зголемува брзината, да кочи или пак да го следи автомобилот пред вас.
Како и да е, BMW ќе продолжи да работи во насока на усовршување на своите автомобили за да ги направат уште подобри и удобни за возачот, но секако во рамките на безбедноста. Концептот е интересен, а се очекува да напредне и да започне да се користи многу наскоро. 
Концептот на автомобил кој се вози сам од себе за некои е одлична идеја, но за други целосно досадна. Но, кога станува

Пронајдете не на следниве мрежи: