Бобан Грнчаров: „Невиден циркус- ни рекоа бегајте од Крим, ќе има војна“

Loading...

Македонскиот репрезентативец Бобан Грнчаров цела ноќ, околу десет часа, со специјален автобус, заедно со неговото семејство е извлечен на побезбедно место – во градот Доњецк.Грнчаров за МКД.МК раскажува каква била евакуацијата од Крим, откако пред еден месец потпиша за украинскиот клуб Тавриа од Симферопол.
„Ова е невиден циркус. Вчера од клубот само ни рекоа – морате да го напуштите Крим, ќе биде многу критично, доаѓа руска војска. Мојот град Симферопол е на 30 километри од Севастопол, каде што е стационирана целата руска морнарица. Со специјален автобус кој ни го обезбеди клубот, излегувавме од градот како да сме воени бегалци. На границата има војска и не пушта никој да влезе, само може да се излезе. Ама прашање е кога ќе биде целосно затворено. Сите мои колеги со семејствата, јас, мојата сопруга и ќеркичката, цела ноќ патувавме десет часа до Доњецк. Тука е помирно, а и да се случи нешто, работата да пукне, нема да биде критично како долу на Крим. Таму може да биде ептен жестоко”, вели Грнчаров за МКД.мк.
Преземено од: kurir.mkГрнчаров за МКД.МК раскажува каква била евакуацијата од Крим, откако пред еден месец потпиша за украинскиот клуб Тавриа од Симферопол.
&bdq

loading...
Loading...