Бојана: „Ако ја зголемив устата, не значи дека си фатив нов дечко“

Откако пејачката дискретно ја зголеми устата, од русокоса стана бринета, ги намали килограмите и почна да настапува речиси секој ден, најновото од Бојана Атанасовска е новогодишната песна која треба за излезе за некој ден. Пејачката откако се опорави од тешкиот период по разводот, веќе неколку месеци е во топ-форма и полна со енергија, пишува Вечер.
-Вистина е дека сум во некој филм, ха, ха, ха, не знам каков филм, но уживам во промените. Устата ја надополнив, но сосема малку, дискретно, не се работи ни за кубици ни за нешто невкусно и грозно за гледање, она што го открив во последно време е тоа дека црвениот кармин многу ми се допаѓа, па почнав постојано да го носам. Промените не ги правам поради, како што се зборува, новиот дечко, затоа што го немам. Едноставно супер ми е, настапувам речиси секој ден, а ситно се брои и до промоцијата на мојата најнова новогодишна песна. Ова е прв пат да направам нешто наменско оти ми беше голема желба, и ете си ја исполнив. Се работи за емотивна празнична песна која верувам ќе им се допадне на сите”, вели Бојана за Вечер.Пејачката откако се опорави од тешкиот период по разводот, веќе неколку месеци е во топ-форма и полна со енергија, пиш

Пронајдете не на следниве мрежи: