БОМБА: Перез и Гвардиола спремаат „СЕНЗАЦИЈА“ над сите „СЕНЗАЦИИ“

Шпанските медиуми пренесуваат бомбастична вест, оваа сензација од вест ја пласираше во јавноста новинарката Кристиана Куберо.
На неодамнешната гала церемонија за доделувањето наЗлатната Топка во Цирих, новинарката сведочела за мошне интересна средба меѓу поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
„Перез случајно налета на Гвардиола и неговото друштво во хотлеот. Додека му приоѓаше на Гвардиола овој тивко му дофрли на својот брат и еден пријател „Еве, доаѓа претседателот кој ќе ми понуди договор““ пренесува новинарката за настанот кој се случил во хотелот во Цирих во кој беше делегацијата.
Новинарката потенцира дека Гвардиола звучел премногу сериозно. Додатна занимливост дава и податокот дека се се случило во рок од еден час откако Гвардиола јавно обелодени дека се враќа на тренерската сцена. Кога на тоа ќе додадеме дека Гвардиола и понатаму е лут на Сандро Росел, претседателот на Барселона, со кој воопшто не се дружеше во Цирих, така е се поизвесно дека Мурињо го напушта Реал на крајот од сезоната, приказната е уште поинтересна.
Дали е можно да се случи она што неодамна се сметаше за „научна фантастика“? Со оглед на овогодинешните избори за нов претседател на Реал, нема сомнение дека Перез со овој потег би заработил можеби и клучни бодови кај навивачите на Реал, кои најмногу уживаат кога нивниот тим ќе им „украде“ играч или во моментов тренер од најлутиот ривал.
Треба само да се потсетиме на случајот кога Луиш Фиго во 2000-тата година премина од Барселона во Реал.
Со трансферот „кумуваше“ токму Перез кој со јавно ветување дека ќе го доведе Луиш Фиго успеа да ја добие претседателската битка со Лоренцо Санзо. Се мислеше дека Перез нема никакви шанси во дуелот со Санзо кој по 32 години „пост“ му донесе на Реал нова, седма титула во Лигата на Шампионите. Но, Перез го извлече асот од ракавот и седна на чело на Реал, и тогаш многумина мислеа дека е невозможно да Фиго премине во Реал Мадрид, но сепак се случи.
Можеби Перез повторно спрема ново изненадување, со оглед на лошиот почеток на сезоната, се чини дека ќе мора да направи нешто „екстра“ за да остане на чело на Реал Мадрид.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Шпанските медиуми пренесуваат бомбастична вест, оваа сензација од вест ја пласираше во јавноста новинарката Кристиана Куберо.
На неодамнешн

Пронајдете не на следниве мрежи: