БОРИСОВ ПРЕД ОСТАВКА: Опозиционерот Радев победи на претседателските избори

Бугарија го избра Румен Радев за претседател. Петтиот претседател на изборите победи со значителна предност пред кандидатот на владејачката партија ГЕРБ, Цецка Цачева. Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави повлекување ако не победи кандидатката на ГЕРБ на изборите.Според првите неофицијални резултати Радев освои 58,1 отсто од гласачите а Цачева 35 отсто.
Румен Радев е шеф на државата и врховен командант на вооружените сили на Бугарија. Тој до неодамна беше командант на воено-воздушните сили, дипломирал на бугарско воено училиште како првенец во генерацијата, со одличен успех поминал и на воздухопловниот колеџ Максвел во САД како мајстор за „стратешки студии”. Генералот е признат воздушен ас, поздравен десетици илјади вљубеници во военото воздухопловство според покажаните вештини со Миг 29 на шоуто на ВВС во Софија.
Како командант Радев два пати најавил подготвеност да си замине од армијата поради разединувањата и недостаток на разбирање со министерот за одбрана Николај Ненчев. Првиот пат поднесе оставка поради „исклучително загрижувачката состојба во авијацијата, недостатокот на јасна, стабилна програма за нејзиниот развој и предложените измени во Законот за вооружените сили кои се однесуваат на заедничката заштита на воздушниот простор и најмногу, дека поради тоа што не можам да влијаам на процесите”. По состанокот со премиерот Бојко Борисов, командантот на воената авијација ја повлече својата оставка, а неколку дена потоа ја претстави својата визија за развој на авијацијата.
Во почетокот на август поднесе барање за пензионирање, повторно поради несогласувања со министерот за одбрана кој немаше слух за неговата стручност.
Во предизборната трка Радев испрати сериозни пораки поврзани со промени во националната безбедност, како и за независната надворешна политика на Бугарија. Тој вели дека Бугарија треба да се ослободи од својот сателитски синдром.
На прашањето дали ќе игра на два фронта – американски или руски, тој одговараше: „До неодамна летав на руски авион, дипломиран сум во Америка, но сум бугарски генерал. Мојата кауза е Бугарија“.
Новиот претседател Румен Радев ќе ја презеде функцијата во јануари и вети дека ќе работи на обединување на нацијата.
„Претседателот треба да ги формулира целите кои здружуваат. Бугарската национална цел е секој бугарски граѓанин да може да го покаже својот талент, да има право на работа, да има мирен живот со висок стандард и квалитети во земја со јасни визии за развој”, категоричен е Румен Радев.
За време на кампањата Радев изјави дека ќе инсистира на што побрзо потпишување на договорот за добрососедство со Македонија.Според првите неофицијални резултати Радев освои 58,1 отсто од гласачите а Цачева 35 отсто.
Румен Радев е шеф на државата и врховен команда

Пронајдете не на следниве мрежи: