Босилек: Лек за многу здравствени проблеми

Босилекот е зачин кој има фантастично влијание врз здравјето и организмот. Тој ја ублажува настинката, допринесува за здравјето на срцето, бубрезите, очите и забите, а помага и во лекување на разните видови на рак.Во продолжение, погледнете неколку од здравствените придобивки на ова моќно растение. 
Ја намалува температурата и ги ублажува симптомите на настинка – босилекот има силни антибактериски својства, а чајот од босилек помага во ублажување на болката во грлото и го намалува кашлањето.
Допринесува за здравјето на срцето – консумирањето на босилек го намалува нивото на холестерол во крвта и се смета за еден од најдобрите зачини за срцето. Босилекот го намалува ризикот од срцев удар и други кардиоваскуларни проблеми.
Делува против стресот – босилекот е општо добар за здравјето, а нутриционистите препорачуваат џвакање на барем 12 листови босилек дневно. Тој има директно влијание и врз стресот, поради големото количество на витамини и антиоксиданси кои делуваат позитивно врз намалување на оваа состојба.
Ја подобрува работата на бубрезите – босилекот ги зајакнува бубрезите и тој е одличен во борбата против бубрежните каменчиња.
Го чува здравјето на забите – за оние кои патат од проблеми со непцата, лош здив и порозни заби, босилекот е одличен сојузник во одржување на оралното здравје. Антибактериските и антибиотските својства на босилекот помагаат во спречување на разни орални болести.
Го намалува нагонот за повраќање – доколку сте болни и често Ви се лоши, консумирајте сок од босилек, помешан со една лажичка мед и сок од ѓумбир.
Помага во лечење на рак – босилекот ги стеснува крвните садови кои ги хранат клетките на туморите кои предизвикуваат рак, а сам по себе тој помага и во лечење на бројни видови на рак, вклучувајќи го и ракот на дојка. Исто така, антиканцерогените својства на ова растение го спречуваат растот на оралниот карцином.Во продолжение, погледнете неколку од здравствените придобивки на ова моќно растение. 
Ја намалува температурата и ги ублажува симптом

Пронајдете не на следниве мрежи: