Бостан фест во Егри- Бит фест анимација и во рурарните средини

Бостан фест во Егри- Бит фест анимација и во рурарните срединиБИТ ФЕСТ, како значајна културолошка манифестација, која во себе вклучува не само индивидуални уметнички, занаетчиски, артистички креации и самостојни фестивалски концепти, во широкиот аспект на понуда вклучува и директни активности кои значат поттик за младите, за уметниците, за алтернативните форми на уметничко изразување, а веќе трета година по ред ги поддржува и активностите кои значат вистински поттик за руралните средини. Бостан фест, кој што денес се одржува во битолското село Егри, значи токму тоа. Идејата и реализацијата се на Здружението за културен и земјоделски развој „Егри“ од Егри, а манифестацијата започнува во 17:00 часот. Всушност Бостан фест со музика, дружење и забава, значи натпревар помеѓу земјоделците. Така, ќе бидат избрани најуспешните производители на повеќе земјоделски култури (најдобар производител на пченка, жито, јачмен, бостан итн). Исто така, ќе биде избрана и најголемата диња и лубеница. Културно – забавниот дел ќе биде задача на битолската група Маестрал, Татјана Стефановска, Спасен Силјановски и Кице Стефановски.БИТ ФЕСТ, како значајна културолошка манифестација, која во себе вклучува не само индивидуални уметнички, занаетчиски, артистички креации и са

Пронајдете не на следниве мрежи: